Денеска на реката Сава во близина на белградската населба Макиш избувнал голем пожар во кој биле зафатени шест сплавови.
Според информациите од српското Министерство за внатрешни работи, во инцидентот нема повредени лица, а пожарот е ставен под контрола.
На терен интервенирале 24 пожарникари со осум противпожарни возила, како и еден противпожарен чамец, кои учествувале во гаснењето и спречувањето на понатамошно ширење на огнот.
Пожарот првично бил пријавен преку објави на социјалните мрежи, каде сведоци информирале дека огнот избувнал на еден сплав и брзо се проширил на соседни објекти.
Благодарение на брзата интервенција, спречено е проширување на пожарот кон останатите објекти во тој дел од реката.










