Пејачот Дарко Лазиќ за првпат се огласи по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа заедно со сопругата Катарина, на автопатот кај Генекс.
Во изјава за српскиот „Блиц“, Дарко открива дека не се сеќава на целиот настан, но категорично негира дека бил под дејство на алкохол или недозволени супстанции:
„Изгубив контрола. Врнеше дожд, ме занесе и удрив во автобус. Не беше пребрзо, ниту пак бев пијан. Ги имам сите наоди од болница – сѐ е чисто“, вели тој.
Дарко е хоспитализиран со повреди на главата и расекотини за кои примил 15 конци, но, како што истакна, најважно е што никој не е сериозно повреден:
„Сопругата е добро. Кога видов дека не е до мене, веднаш прашав за неа. Не се сеќавам на неколку моменти, но сум благодарен што преживеавме“, додаде Лазиќ.
Според информациите, во автобусот немало патници, а и покрај тежината на судирот, нема други повредени лица.
Дарко изрази благодарност до сите служби кои брзо интервенирале, и подвлече:
„Среќа во несреќата. Одиме понатаму. Живи сме и тоа е најважно.“