ПРВ.мк
Балкан

ТУРИСТИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ЗБОРОВИ: Еве колку чини едно гиро во Грција ова лето!

ТУРИСТИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ЗБОРОВИ: Еве колку чини едно гиро во Грција ова лето!

Летување во Грција без гиро за многумина е едноставно незамисливо, но годинава цените во дел од познатите туристички места предизвикаа бурни реакции кај туристите. На социјалните мрежи и туристичките групи веќе масовно се споделуваат фотографии од менија и сметки, а многумина коментираат дека цените значително пораснале во споредба со претходните сезони.

На страницата „Грција инфо“ беше објавен нов ценовник од популарен ресторан во Никити на Ситонија, кој веднаш привлече внимание кај туристите што планираат летување во Грција.

Во Никити, цената на едно гиро пита достигнува 5,30 евра, додека порција гиро чини 12 евра. Сендвичите, пак, започнуваат од 4 евра.

Туристите кои веќе престојуваат во различни грчки летувалишта откриваат дека цените варираат во зависност од регионот и туристичката посетеност.

Во Ханиоти, мала гиро пита се продава за 5 евра, а голема порција гиро достигнува 10 евра.

Во главниот град Атина, цените се нешто поразлични. Таму гиро пита може да се најде од 3,60 евра, додека порција гиро започнува од 9 евра.

Во останатите туристички места низ Грција, цените изгледаат вака:

– Неос Мармарас – гиро пита: 5 евра – Торони – гиро пита: 5 евра – Крит – гиро пита: 5 евра – Полихроно – гиро пита: 4,50 евра – Аспровалта – гиро пита: 4 евра – Паралија – гиро пита: 4 евра – Флогита – гиро порција: 9 евра – Лутраки – гиро пита: 3,80 евра – Ставрос – гиро пита: 3,50 евра – Едипсос – гиро пита: 3,50 евра – Јерисос – гиро пита: 3 евра – Волос – гиро пита: 2,90 евра

Според туристите, и оваа сезона северна Грција останува нешто подостапна кога станува збор за цените на храната, додека на популарните острови и во туристичките центри цените се значително повисоки.

Многумина коментираат дека и покрај поскапувањата, гирото и понатаму останува еден од најбараните оброци меѓу туристите, особено поради брзата подготовка, големите порции и препознатливиот вкус.

Најнови вести