Црвениот крст на Србија собра речиси 8 милиони денари за семејствата на повредените во пожарот во Кочани
Црвениот крст на Србија информира дека преку хуманитарната акција за поддршка на семејствата на повредените во трагичниот пожар во Кочани, се собрани вкупно 15.301.434,40 српски динари, односно 7.997.690 македонски денари.
Во соопштението се наведува дека во текот на април биле префрлени 85.178 евра, а преостанатиот износ ќе им биде исплатен на засегнатите семејства во текот на оваа недела.
Црвениот крст упати искрена благодарност до сите граѓани на Србија кои се вклучија во акцијата и со своите донации ја покажаа својата хуманост и висока емпатија кон настраданите семејства.