ПРВ.мк

Европејците изненадени од ставот на Трамп по разговорот со Путин

Европејците изненадени од ставот на Трамп по разговорот со Путин
Jumbo Banner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и петте европски челници разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп по неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, надевајќи се дека ќе чујат дека тој се согласил на примирје или дека, доколку не го стори тоа, САД ќе воведат санкции против Русија, но наместо тоа Трамп ги изненади велејќи дека Путин се согласил на преговори и засега ја исклучил можноста за воведување санкции, соопштија добро информирани извори за Axios.

Според неименуваните извори, Трамп оставил впечаток дека е блиску до повлекување од преговорите, додавајќи дека некои од челниците на ЕУ кои разговарале со него биле изненадени или дури шокирани од таквиот исход.

„Мислам дека нешто ќе се случи. А ако тоа не се случи, јас едноставно се повлекувам, а тие ќе мора да продолжат натаму. Повторувам, ова е европско прашање и требаше така да остане“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, неколку часа по телефонските разговори со Европејците.

Трамп и Зеленски во понеделникот разговараа кусо, а американскиот претседател го прашал својот украински колега што треба да му каже на Путин, соопштија извори од Axios, додавајќи дека украинскиот претседател му рекол да побара итно прекин на огнот, да се закани со нови санкции и да не му нуди отстапки на Путин без да се консултира со Украина.

По завршувањето на двочасовниот телефонски разговор со Путин, Трамп повторно го повикал Зеленски, а овојпат во разговорот преку конференциска врска учествувале и челниците на Германија, Италија, Франција, Финска и на Европската комисија.

Зеленски подоцна изјави дека вториот телефонски разговор со Трамп бил различен од првиот, оценувајќи го како лош, додека неименуван европски извор за Axios изјавил дека бил конструктивен.

Европските политичари изгледале изненадени што американскиот претседател се чинеше релативно задоволен од она што го слушнал од Путин, претставувајќи го тоа како нов развој на настаните, иако рускиот претседател според неговата изјава се чини дека воопшто не го променил својот став, изјавилесоговорниците на Axios.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран