ПРВ.мк

Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип

Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
Jumbo Banner

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово донесе одлука за итна забрана за увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил, како реакција на појавата на птичји грип, јавува „Анадолија“.

Одлуката стапи на сила веднаш, откако бразилските власти на 16 мај пријавија потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во државата Рио Гранде. Косовските власти нагласуваат дека забраната претставува привремена превентивна мерка со цел заштита на јавното здравје и спречување на евентуално ширење на вирусот во земјата.

„Птичјиот грип е високо заразна вирусна болест што главно ги зафаќа птиците, но во ретки случаи може да се пренесе и на луѓе. Иако досега нема докази дека вирусот се пренесува преку консумирање живинско месо или јајца, забраната за увоз е неопходна за да се гарантира безбедноста на храната за нашите граѓани“, се вели во соопштението од Агенцијата.

Одлуката е усогласена со меѓународните безбедносни стандарди и ја следи практиката на други земји, меѓу кои и Европската Унија и Кина, кои исто така го суспендираа увозот на живина од Бразил по појавата на епидемијата, пренесува РТК.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран