ПРВ.мк

Зеленски испрати нов предлог до американскиот претседател Трамп

Зеленски испрати нов предлог до американскиот претседател Трамп
Jumbo Banner

Зеленски предлага договор за слободна трговија меѓу Украина и САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски иницира склучување на договор за слободна трговија меѓу Украина и САД, а својата идеја веќе ја претставил во писмо упатено до американскиот претседател Доналд Трамп. Во писмото, Зеленски ги истакнал потенцијалите за проширување на соработката во областа на одбранбената индустрија и трговијата.

Веста ја потврди Тарас Качка, заменик-министер за економија и трговски претставник на Украина, во изјава за агенцијата Интерфакс-Украина. Тој посочи дека и покрај тоа што САД моментално не се меѓу водечките трговски партнери на Украина, земјата сериозно е заинтересирана за склучување ваков договор.

„Заинтересирани сме за договори за слободна трговија со сите земји од Г7. Веќе имаме вакви договори со Обединетото Кралство, Канада и Европската Унија. Сега ни остануваат САД и Јапонија“, изјави Качка.

Тој нагласи дека украинските производители сè почесто ги прилагодуваат своите стратегии за пласман на развиените пазари со високи стандарди, каде што се остварува поголема додадена вредност и профитабилност.

„Од таа перспектива, важно е да ја разгледаме можноста за извоз на украински производи на американскиот пазар и да се движиме кон склучување договор за слободна трговија“, додаде Качка.

Како потенцијална основа за овој процес, тој го наведе неодамна формираниот украинско-американски инвестициски фонд за обнова, кој беше ратификуван од украинскиот парламент.

„Тоа би можело да биде интересен поттик и за САД. Сепак, не треба да брзаме – сè уште сме на почетокот од овој процес“, заклучи Качка.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран