Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово во 09:46 часот ја погоди југоисточна Србија, а потресот бил почувствуван во повеќе населени места во регионот.
Според достапните податоци, епицентарот бил лоциран во близина на Лесковац, на околу шест километри од центарот на градот, на географски координати 42,95 северна географска ширина и 21,91 источна географска должина.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот бил на многу мала длабочина, односно речиси на самата површина, поради што потресот бил силно почувствуван низ поголем дел од јужна Србија.
Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета, а надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата и да ги анализираат податоците поврзани со земјотресот.








