ПРВ.мк
Балкан

ТРАГЕДИЈА: Пронајдени телата на исчезнатата девојка и маж во канал – што откри полицијата?

ТРАГЕДИЈА: Пронајдени телата на исчезнатата девојка и маж во канал – што откри полицијата?
Kristal

Потрагата по 20-годишната Ана од Златибор заврши со најцрн исход. Српската полиција соопшти дека таа била пронајдена во канал во близина на Чачак, заедно со 37-годишен маж за кого се претпоставува дека ѝ бил партнер.

Телата биле лоцирани во автомобил извлечен од Овчарско-кабларската клисура, откако случајни минувачи го забележале возилото кај езерото Меѓувршје. Пожарникарите и спасувачките екипи веднаш реагирале и ги извлекле телата.

Ана вчера тргнала кон Белград, но откако престанала да се јавува, нејзиното семејство ја пријавило како исчезната.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и на утврдување на сите околности што довеле до трагедијата.

Escape