ПРВ.мк
Балкан

Големо олеснување за македонските граѓани во Словенија - OДЛУКАТА Е КОНЕЧНА!

Големо олеснување за македонските граѓани во Словенија - OДЛУКАТА Е КОНЕЧНА!
Kristal

Словенија донесе измени на Законот за возачи, со кои македонските граѓани ќе можат да ги заменат своите возачки дозволи без полагање на практичниот дел од испитот, доколку имаат регулиран престој во земјата.

Оваа мерка важи и за дозволите од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово, и претставува значително олеснување за граѓаните кои живеат и работат во Словенија.

Возачите ќе можат да ги заменат дозволите во рок од една година од пријавување на престојот, а ќе треба само да достават здравствено уверение за ментална и физичка способност за возење.

Сандра Газинковски од партијата Слобода истакна дека целта е отстранување на административни пречки кои создаваат непотребни трошоци и забавуваат процедури за вработување, додека опозицијата предупреди дека промената може да влијае на безбедноста во сообраќајот.

Escape