ПРВ.мк
Македонија

КАЗНЕТИ ЧЕТИРИ МАРКЕТИ: Ќе платат по 3 милиони денари - ова се деталите!

КАЗНЕТИ ЧЕТИРИ МАРКЕТИ: Ќе платат по 3 милиони денари - ова се деталите!
Kristal

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече прекршочни санкции на четири трговски друштва кои продаваат храна на мало и на Сојузот на стопански комори (ССК), поради учество во забранет договор и усогласено однесување.

Утврдено е дека тие се договориле да не прифаќаат нови или зголемени ценовници од добавувачите, со што ја нарушиле пазарната конкуренција.

Со решението на КЗК, на секој од четирите маркети му е изречена глоба од 3.075.000 денари, додека ССК како координатор ќе плати 1.143.000 денари.

„На состанок одржан на 5 февруари 2025 година, учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите, со што ја замениле состојбата на независно пазарно однесување со состојба на практична координација. Овој вид на однесување по својата природа претставува ‘by object’ ограничување на конкуренцијата, кое е забрането без потреба од дополнително докажување на пазарни ефекти“, соопшти КЗК.

Escape