Дваесет и четиригодишна жителка на Липково пријавила во полиција дека била измамена за 165.000 денари од лице од истата општина, кое ѝ ветувало работа во Швајцарија.
Откако му ги дала парите, жената повеќе не успеала да стапи во контакт со измамникот.
Полицијата веќе работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
















