ПРВ.мк
Балкан

Трагедија на Јадранот: Автомобил со четири лица летна во море – нуркачите извлекоа тела од длабочините!

Трагедија на Јадранот: Автомобил со четири лица летна во море – нуркачите извлекоа тела од длабочините!

Четири лица го загубија животот во страшна сообраќајна несреќа што се случи во попладневните часови на Јадранската магистрала, во близина на хрватскиот град Сењ. Според информациите од полицијата, патничко возило со регистарски таблички од Загреб излетало од патот и завршило во морето, во близина на населбата Буница. Трагичниот инцидент се случил нешто по 16:30 часот.

Веднаш по пријавата, на терен биле испратени сите итни служби, а во спасувачката операција учествувале и нуркачки тимови од Хрватската планинска служба за спасување – Госпиќ. Возилото било лоцирано во морето, каде што било откриено и телото на едно лице кое пловело на површината, додека останатите три тела биле извлечени од длабочините од страна на нуркачите.

Според досегашните информации, во возилото имало четири патници – двајца мажи и две жени. Нивните тела се пренесени во Институтот за судска медицина во Риека, каде ќе се изврши обдукција за да се утврдат точните причини за смртта и идентитетот на жртвите.

Полицијата ја заврши истрагата на самото место на несреќата, но продолжува кривична постапка за да се утврдат сите околности кои довеле до трагедијата.

Неофицијално, се дознава дека возилото било изнајмено на аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“, што отвора можност дека загинатите се странски државјани. Сепак, тоа ќе биде потврдено само по официјално идентификување на жртвите.

Најнови вести