ПРВ.мк
Свет

ОТКРИЕНА ПЕКОЛНА СУПСТАНЦА: Пронајден и трет мистериозен дрон — Се подготвувало многу покрваво сценарио отколку што се мислеше?!

ОТКРИЕНА ПЕКОЛНА СУПСТАНЦА: Пронајден и трет мистериозен дрон — Се подготвувало многу покрваво сценарио отколку што се мислеше?!

Во обидот за напад врз аеродромот Лајпциг/Хале очигледно биле користени повеќе дронови. Според информациите на WDR, NDR и весникот Süddeutsche Zeitung, властите пронајдоа уште еден дрон и можни траги од воен експлозив.

Поминаа речиси три недели откако на аеродромот Лајпциг/Хале беше пронајден дрон со експлозив. Според досегашните сознанија, мета на нападот требало да биде украинскиот транспортен авион „Антонов“, кој се користел за превоз на воена опрема.

Нападот сепак не успеал, бидејќи детонаторот на бомбата очигледно не функционирал.

Службениците на Сојузната криминалистичка служба (BKA), по налог на сојузниот главен обвинител Јенс Ромел, сега истражуваат како бил планиран нападот и кој стои зад него.

Трет дрон пронајден во нива

Според информациите на јавните сервиси NDR и WDR, како и на весникот Süddeutsche Zeitung, истражителите поаѓаат од претпоставката дека не бил користен само еден дрон.

Првиот бил пронајден во подрачјето на аеродромот, додека вториот, според досегашните сознанија, можеби се судрил со авион на компанијата DHL.

Третиот дрон, за кој претходно не се знаеше дека постои, беше пронајден на 14 август во вечерните часови во нива во Кабелскетал, во округот Залекрајз во покраината Саксонија-Анхалт, која граничи со западниот дел на аеродромот Лајпциг/Хале, пишува Deutsche Welle (DW).

Портпаролот на Сојузното обвинителство во понеделникот одби да ги коментира тие наводи.

Според безбедносни извори, форензичарите на BKA пристигнале на местото на пронаоѓањето истиот ден заедно со дополнителни полициски сили. Следниот ден истражителите наводно пронашле супстанција за која, според првичните проценки, се смета дека би можела да биде околу 50 грама хексоген — многу моќен воен експлозив. Тоа ја отвора можноста сторителите да планирале многу посериозен напад отколку што досега се претпоставуваше.

Судир со авион на DHL

Бидејќи аеродромот бил затворен веднаш по пронаоѓањето на првиот дрон, авионот морал да го прекине слетувањето во Лајпциг.

Според досегашните наоди, леталото со голема брзина, од неколку стотици километри на час, се судрило со објект во близина на аеродромската ограда. Неколку секунди пред ударот, пилотите наводно забележале објект со големина од околу 30 сантиметри.

Подоцнежната анализа на радарските податоци исто така укажала на присуство на помал летечки објект.

Авионот, по инцидентот, бил пренасочен кон Хановер, каде што го прегледале истражителите и разговарале со членовите на екипажот. На опашот на леталото биле пронајдени оштетувања кои, според сите показатели, укажуваат на судир, пишува DW.

Истрагата ја исклучи можноста авионот да удрил во птица.

Пронајдени антена и електронска опрема

Самиот дрон, или неговите поголеми делови, до денес не се пронајдени. Истражителите претпоставуваат дека по судирот можеби бил всмукан во моторите и разбиен на ситни делови.

Во местото Курсдорф, северно од аеродромот, беше пронајдена техничка опрема која можеби служела за управување со дронот. Антената и другата електронска опрема биле зацврстени за дрво со леплива лента.

Недалеку од таму, истражителите пронашле и изгорена земја, како и метални фрагменти. Се претпоставува дека тоа би можело да биде место на помала експлозија. Сведоци пријавиле дека околу 19:20 часот, неколку часа пред пронаоѓањето на дронот на аеродромот, слушнале силен детонациски звук.

Сумнежите насочени кон руските разузнавачки служби

Засега не е познато што точно експлодирало — дали станува збор за несреќа или сторителите се обиделе да ги уништат доказите, пишува DW.

Според информациите на WDR, NDR и Süddeutsche Zeitung, полицијата за време на дополнителното пребарување на теренот на 11 август пронашла делови од дрон, вклучувајќи мотор и ротор. Во првичните извештаи од истрагата се тврдеше дека тогаш не било пронајдено ништо значајно.

И понатаму останува нејасно како требало да се изведе нападот и кој го организирал. Според наводите на безбедносните извори, истражителите поаѓаат од претпоставката дека руските разузнавачки служби биле вклучени во планирањето на операцијата. Русија јавно ја отфрли секоја одговорност.

Истрагата е во тек, а истражителите во моментов проверуваат повеќе траги, вклучувајќи и ДНК материјал пронајден на местото на настанот.

Најнови вести