ПРВ.мк
Балкан

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Расте бројот на жртви по пукање во училиште - еве на колку се искачи!

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Расте бројот на жртви по пукање во училиште - еве на колку се искачи!

Повеќе од две недели по пукањето во училиште во Турција, бројот на жртви се искачи на 10, откако 11-годишно девојче починало во болница од здобиените повреди, пренесуваат меѓународни агенции.

Инцидентот се случил на 15 април во југоисточната провинција Кахраманмараш, кога ученик од осмо одделение отворил оган во своето училиште. Според официјалните информации, биле убиени осум ученици и еден наставник, а подоцна и самиот напаѓач е пронајден мртов.

Властите соопштија дека малолетникот донел огнено оружје и повеќе муниција во ранец, по што влегол во две училници и пукал без конкретна цел. Оружјето, според истрагата, му припаѓало на неговиот татко, поранешен полицаец, кој заедно со мајката на напаѓачот бил приведен.

Мотивите за нападот сè уште се предмет на истрага.