ПРВ.мк
Балкан

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Маж загина по превртување на мотокултиватор!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Маж загина по превртување на мотокултиватор!

Во тешка сообраќајна несреќа во близина на Бјело Поље, животот го загубил маж кој управувал мотокултиватор со приколка, откако изгубил контрола над возилото и се превртел.

Несреќата се случила во местото Марина Раван, каде според првичните информации, Р.П. од Бјело Поље управувал со мотокултиваторот кога од засега непознати причини изгубил контрола, по што дошло до превртување.

Од ударот, тој починал на самото место.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на полицијата, дежурен обвинител и сообраќаен вештак, со цел да се утврдат точните околности под кои се случила несреќата.

Истражните органи работат на целосно расчистување на случајот.