ПРВ.мк
Балкан

СЦЕНА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Жена во бело од глава до пети стои на патот во мракот на ноќта!

СЦЕНА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Жена во бело од глава до пети стои на патот во мракот на ноќта!

Она што започнало како сосема обична ноќ за дел од возачите на обиколницата околу Чачак, брзо се претворило во искуство кое многумина би го опишале како сцена од хорор филм. Во доцните часови, додека сообраќајот бил редок, на едно од крстосниците се појавила необична фигура која веднаш привлекла внимание.

На семафорите, покрај пешачкиот премин, во густа магла стоела жена облечена целосно во бело – од глава до пети. Не се движела, не реагирала, туку стоела неподвижно, што дополнително ја засилило морничавата атмосфера.

Еден од возачите, Никола Р. од Чачак, раскажал дека ситуацијата се случила околу три часот по полноќ. Додека чекал да се вклучи зеленото светло, одеднаш ја забележал фигурата.

„Се појави од никаде. Беше цела во бело и стоеше како вкочанета. Маглата беше толку густа што речиси ништо не се гледаше, а таа единствено се издвојуваше. Со ракавици и бела облека, изгледаше како нешто нереално“, раскажал тој.

Иако бил во автомобил и на одредена дистанца, признава дека чувството на страв било силно и неочекувано. Вели дека во тој момент почувствувал како да му се „замрзнале“ нозете, а морници му поминале низ целото тело.

Кога конечно се вклучило зеленото светло, со тешкотија успеал да продолжи со возење. Во обид да си потврди дека не станува збор за привид, направил и фотографија од сцената.

Иако самиот не верува во натприродни појави, останал збунет од она што го видел. Според него, можно е да станува збор за некој што намерно сакал да предизвика страв кај возачите или, пак, за лице кое се движело без свест за околината.

Дополнителна доза на нелагодност внесува и фактот што во близина на оваа локација се наоѓаат градските гробишта, што кај многумина автоматски буди асоцијации и дополнителни прашања за тоа што точно се случило таа ноќ.