ПРВ.мк
Балкан

СТРАВ НА УЛИЦИТЕ: Кафулиња се палат и се пука по локали – дали нов криминален клан го презема градот?!

СТРАВ НА УЛИЦИТЕ: Кафулиња се палат и се пука по локали – дали нов криминален клан го презема градот?!

Белград е потресен од серија насилни напади врз угостителски објекти, а за помалку од 12 часа биле нападнати неколку локали, додека еден сопственик бил ранет во вооружен инцидент.

Драмата започнала во текот на ноќта кога непознат напаѓач фрлил молотов коктел врз познат локал на Врачар. Пожарот брзо бил изгаснат, но објектот претрпел голема материјална штета. Во исто време, мета на напади станале уште неколку кафулиња во различни делови на градот.

Само неколку часа подоцна, нов шок во српската престолнина – одекнале истрели во познат ресторан во Нов Белград, при што бил ранет сопственикот на локалот.

Серијата напади отвори сомнежи дека зад инцидентите стои организирана криминална група која се обидува да создаде страв и хаос низ градот. Безбедносни експерти предупредуваат дека можно е да се формираат нови криминални кланови кои сакаат да ја дестабилизираат ситуацијата и да ја оптоварат полицијата со повеќе инциденти истовремено.

Полицијата започна истрага и интензивно трага по напаѓачите, додека граѓаните стравуваат дека насилството во Белград опасно ескалира.