ПРВ.мк
Балкан

Страшни сцени од Грција: Нов пожар избувна, властите воведоа строги забрани (ВИДЕО)

Страшни сцени од Грција: Нов пожар избувна, властите воведоа строги забрани (ВИДЕО)

Пожарите во Грција и натаму претставуваат сериозна закана, а огнената стихија веќе трет ден по ред е активна во повеќе региони од земјата. Најтешка е состојбата во јужниот дел на Ретимно, на островот Крит, каде пожарникарите водат непрекината борба со огнот.

Според грчките служби, силниот ветер и непристапниот терен значително го отежнуваат гаснењето, а на повеќе локации пожарот повторно се разгорува и покрај постојаните интервенции.

Во акцијата за локализирање на пожарот се вклучени голем број противпожарни екипи од различни делови на Крит, специјални пешадиски тимови, цистерни со вода, тешка механизација на локалните власти, како и жители и волонтери кои помагаат во справувањето со огнената стихија.

Поради екстремно високата опасност од нови пожари, грчките власти воведоа привремена забрана за движење и престој во одредени шумски подрачја во регионот на Патрас. Ограничувањата важат во периодот од 21:00 до 06:00 часот и се однесуваат на повеќе шумски патишта и заштитени зони, додека исклучок има само за локалните жители, сопствениците на земјиште, вработените и лицата кои мора да ги користат главните патни правци.

Во меѓувреме, нов пожар избувна и во шумската област Фалаиси, во општината Мегалополис во Аркадија. Огнот бил пријавен доцна вечерта, по што на терен биле испратени 48 пожарникари, три специјализирани пешадиски екипи и 12 противпожарни возила во обид што побрзо да го стават пожарот под контрола.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА