ПРВ.мк
Балкан

Синот на Ратко Младиќ со емотивна молба пред погребот: „На татко ми ова би му било помило“

Синот на Ратко Младиќ со емотивна молба пред погребот: „На татко ми ова би му било помило“

Семејството на Ратко Младиќ упати апел до сите кои планираат да присуствуваат на неговиот погреб да не купуваат цвеќе и венци, туку парите наменети за нив да ги пренасочат за помош на деца на кои им е потребно лекување.

Апелот го упати неговиот син Дарко Младиќ, кој порача дека верува оти на неговиот татко би му било помило со тие средства да му се помогне на некое дете.

„Како син, верувам дека на мојот татко би му било помило наместо цвеќе што ќе овене, да му помогнеме на некое дете да добие можност за лекување, оздравување и живот“, порача Дарко Младиќ.

Тој ги замоли сите што ќе дојдат да му оддадат последна почит на неговиот татко да ја прифатат желбата на семејството.

Според него, во деновите кога еден живот се испраќа, добро е истовремено да се направи нешто што може да помогне во спасувањето на друг.

Ратко Младиќ треба да биде погребан на Топчидерските гробишта во Белград.