Утрово голем дел од Балканот се разбуди под силни врнежи и магла, а дождот донесе хаос во сообраќајот уште во раните утрински часови. Според радарските снимки, масивен облачен систем што пристигнува од Албанија се движи кон Македонија, најавувајќи продолжување на невремето во текот на целиот ден.
Метеоролошките модели покажуваат дека најсилните врнежи денес се концентрирани во Албанија, западна Македонија, Црна Гора, делови од северна Грција и Корфу. Овие подрачја се во црвена и виолетова зона – што значи дека врнежите се и обилни и опасни.
Во Скопје и западниот дел од земјата дождот е проливен и интензивен, со можност за појава на локални поплави, застој во сообраќајот и проблеми со одводните системи. Средно интензивни врнежи има и во Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска и делови од Италија.
Метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе трае и во наредните часови, со услови за краткотрајни но силни поројни дождови и налети на ветер. Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, особено во подрачја склони кон поплави и свлечишта.
УХМР информира дека до крајот на неделата ќе нè следи нестабилен период со променлива облачност и повремени врнежи. Локално се очекува дожд над 30 l/m2 за 24 часа, а ветерот од јужен правец на моменти може да надмине 60 km/h.
Временска прогноза за следните три дена
20.11.2025Минимална температура: 5°C до 10°CМаксимална температура: 14°C до 20°CПроменливо облачно, со повремен локален дожд и умерен јужен ветер.
21.11.2025Минимална температура: 5°C до 11°CМаксимална температура: 13°C до 20°CПроменливо облачно, повремени врнежи и засилен југоисточен ветер долж Повардарието (над 60 km/h).
22.11.2025Минимална температура: 4°C до 11°CМаксимална температура: 12°C до 19°CПроменливо облачно со локален дожд и умерен ветер од југ.
Невремето ќе продолжи да ја зафаќа целата регија во текот на деновите што следат, па внимателност и информираност остануваат најважни во овој период на нестабилни атмосферски прилики.

















