ПРВ.мк
Балкан

Силен земјотрес го стресе регионот – еве каде точно е епицентарот!

Силен земјотрес го стресе регионот – еве каде точно е епицентарот!
Kristal

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер беше регистриран денес во 14:15 часот во Босна и Херцеговина, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите во регионот.

Според првичните информации, епицентарот се наоѓал околу 50 километри југоисточно од Мостар, а податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 5 километри.

Засега не се пријавени материјални штети или повредени лица, но надлежните служби внимателно ја следат состојбата.

Граѓаните од областите блиску до епицентарот сведочат дека потресот бил јасно почувствуван.

„Во Требиње добро се тресеше“, коментираат жители на EMSC.

Слични реакции стигнуваат и од Хрватска:„Добар удар, силно се тресеше во Дубровник“, пишуваат граѓани од јужниот дел на земјата.

FixCredit
Escape