Јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, повторно привлече големо внимание со својата новогодишна декорација.
Во објава на социјалните мрежи, тој ја покажа празничната атмосфера во својот стан, истакнувајќи дека потрошил дури 50.000 евра за украсите, веројатно со саркастична намера кон критичарите.
Централно место во станот зазема масивна елка висока околу 4,5 метри, украсена со светла, детали и голема црвена машна, создавајќи импресивен празничен амбиент.

Покрај елката, просторот е дополнет со големи декорации и огромни кутии во форма на подарок, кои целосно го трансформираат станот во вистински новогодишен спектакл.
Фотографии од декорацијата беа споделени на неговиот Instagram профил.
Неговиот соработник соопшти дека овој луксуз чини 7000 евра.

















