ПРВ.мк
Балкан

Прадедото на Коста – историја на насилство што се повторува? Крвавата приказна од минатото!

Прадедото на Коста – историја на насилство што се повторува? Крвавата приказна од минатото!
Escape

Семејната историја на Коста К., малолетникот кој во мај 2023 година изврши масакр во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, доби шокантна димензија откако црногорските медиуми открија дека неговиот прадедо, мајорот Драгутин Кецмановиќ, бил извршител на жесток злостор од пред речиси еден век.

Драгутин Кецмановиќ (роден 1885 година во Читлук, БиХ) бил офицер во Австро-Унгарската војска, а по Првата светска војна станал командант на жандармериски полк во Цетинскиот регион. Во ноќта меѓу 24 и 25 април 1924 година, тој извршил брутален злостор во село Рокочи кај Цетиње.

Кецмановиќ влегол во куќата на семејството Звицер барајќи го Петар Звицер, но откако не го нашол, заклучил во куќата шест члена од семејството и ја запалил. Во пожарот живи изгореле мајката Анѓа (60), сопругата Загорка (23), сестрата Плана (20), братот Видак (13), и три мали деца на една, три и пет години.

Покрај тоа, пред куќата врзал 67-годишна жена за дрво, принудувајќи ја да гледа како гори нејзиното семејство. Жената подоцна доживеала психички слом и починала во ментална болница.

Иако ова злосторство долго време беше обвиткано со тајна, историски документи неодамна потврдија дека мајорот Кецмановиќ е токму прадедото на Коста К. По овој инцидент бил преместен од должност, но не бил казнет. Живеел и работел во повеќе градови, се пензионирал во Цетиње, а последните години ги поминал во Белград, каде починал во 1970 година.

Ова откритие отвора мрачно прашање за наследните трауми и можните врски помеѓу насилните дејства на претходните генерации и трагичните настани во Белград. Дали семејната историја може да влијае врз судбината и однесувањето на потомците? Времето ќе покаже, но трагедијата остава длабок белег во јавноста и ја поттикнува дискусијата за генетските и социјалните фактори на насилство.

Mia Home Mavrovo