ПРВ.мк
Балкан

ПОВТОРНО ПАНИКА ВО АВИОН: Пукнал прозорец во лет, екипажот донел итна одлука!

ПОВТОРНО ПАНИКА ВО АВИОН: Пукнал прозорец во лет, екипажот донел итна одлука!

Драматична ситуација се случила за време на лет кон Дубровник, откако авион на компанијата „Норвежијан ер шатл“ морал да биде пренасочен и принудно да слета во Виена поради оштетување на еден од прозорците во кабината.

Според неофицијалните информации на „Дубровачки дневник“, инцидентот се случил во текот на летот DY1922, кој тргнал од Осло во раните утрински часови и требало да пристигне на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник околу 9:40 часот.

Но, додека авионот бил во воздух, еден од прозорците бил оштетен, по што екипажот проценил дека најбезбедна опција е леталото да го промени правецот и да слета во Виена како мерка на претпазливост.

И покрај непријатната ситуација, авионот безбедно пристигнал на меѓународниот аеродром во главниот град на Австрија, без дополнителни последици за патниците.

Станува збор за авион „Боинг 737-800“, кој според достапните информации е стар помалку од 12 години.

По принудното слетување, патниците останале да чекаат решение за продолжување на патувањето. Според информациите, компанијата треба да обезбеди заменски авион со кој патниците ќе бидат превезени од Виена до крајната дестинација – Дубровник.

Случајот повторно го привлече вниманието кон важноста на безбедносните процедури во авијацијата, бидејќи и при помали технички проблеми екипажите следат строги протоколи за да се избегнат можни ризици.