ПРВ.мк
Балкан

Повисоки плати од јануари: Минималецот расте за 9,2 проценти

Повисоки плати од јануари: Минималецот расте за 9,2 проценти

Минималната плата во Србија ќе се зголеми од почетокот на 2027 година, откако Владата донесе одлука минималната цена на трудот да порасне за 9,2 проценти.

Со новото покачување, најниската месечна заработка ќе достигне приближно 600 евра.

Одлуката ја донесе Владата откако не бил постигнат договор во рамките на Социјално-економскиот совет меѓу претставниците на власта, синдикатите и работодавачите.

Синдикатите барале поголемо зголемување, односно минималната плата да достигне околу 650 евра. Нивниот став е дека повисок минималец е неопходен поради растот на животните трошоци.

Работодавачите, од друга страна, предупредувале дека поголем скок на платите би можел да претставува дополнителен товар, особено за малите и средните компании.

Економските власти проценуваат дека зголемувањето од 9,2 проценти е одржливо и нема сериозно да го наруши пазарот на трудот.

Со минимална плата од околу 600 евра, Србија продолжува со растот на најниските заработки во период кога земјите од регионот се обидуваат со повисоки примања да го намалат одливот на работници во странство.