ПРВ.мк
Балкан

Тројца фатени во акција: Дрзок грабеж на Богородица заврши со апсење!

Тројца фатени во акција: Дрзок грабеж на Богородица заврши со апсење!

Полицијата на Гевгелија ги уапси тројцата грчки државјани В.Б. (43), К.Б. (35) и П.Б. (44), поради сомнение за „тешка кражба“ на дрзок начин.

На 12 септември 2025 година, во периодот од 10:40 до 11:15 часот, осомничените украле повеќе парфеми од продажен објект во состав на хотел на Граничниот премин Богородица. По кражбата, тие заминале со „Тоjота“ управувана од В.Б., додека другите двајца биле сопатници.

Полициските службеници го запреле возилото во 21:30 на истиот премин и ги пронашле украдените предмети. Тројцата се задржани во Полициската станица Гевгелија, а денес ќе бидат изведени пред судија од Основниот суд Гевгелија.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape