ПРВ.мк
Балкан

Платите растат најмногу во БиХ, Србија и Хрватска: Еве колку е растот на платите во Македонија!

Платите растат најмногу во БиХ, Србија и Хрватска: Еве колку е растот на платите во Македонија!
Kristal

Според најновите податоци од меѓународни економски анализи, земјите од Западен Балкан се меѓу водечките во светот по растот на платите, пренесува бизнис порталот Бизнисинфо.ба.

Во октомври 2025 година, во споредба со истиот месец минатата година, Босна и Херцеговина забележала раст на платите од 16,2 проценти, Србија 12,3 проценти, а Хрватска 9,7 проценти. Македонија исто така бележи значителен раст од 9,0 проценти, додека Словенија и Унгарија регистрирале 7,69 односно 8,7 проценти. Според веб-страницата „Трејдинг економикс“, регионот убедливо ги надмина развиените економии, вклучувајќи ги и САД, каде растот на платите бил околу пет проценти.

Експертите истакнуваат дека за ваквиот пораст постојат повеќе фактори: значително зголемување на минималните плати, недостиг на работна сила, инфлаторни притисоци од претходните години, напори на работодавачите да ги задржат вработените, како и административни одлуки на владите.

Сепак, економистите предупредуваат дека висок номинален раст на платите не секогаш значи повисок животен стандард. Вистинската корист зависи од инфлацијата, растот на цените, даноците и придонесите, како и од куповната моќ на граѓаните, нагласува порталот Сеебиз.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo