Со транспаренти и пораки како „Не сме вреќи за удирање“, „Србија е во Ваљево, а гневот е во нас“ и „Го теравте децата да ни клечат, затоа народот ќе ви се крене“, граѓанските протести продолжија и вечерва во повеќе српски градови.
Демонстрации се одржуваат во Ваљево, Белград, Нови Сад, Пријепоље, Зрењанин и други места. Во Нови Сад, дел од учесниците маршираа до седиштето на Безбедносно-информативната агенција (БИА), додека во центарот на Белград владее напната атмосфера со засилено полициско присуство.
Протестите се одвиваат во услови на зголемена тензија и растечко незадоволство, а пораките на демонстрантите укажуваат на длабок гнев и чувство на неправда.