ПРВ.мк

На Грција ѝ фалат 80.000 келнери, готвачи, чистачи, градежни работници…

На Грција ѝ фалат 80.000 келнери, готвачи, чистачи, градежни работници…
Jumbo Banner

Хотелиерите во Грција имаат сè потешкотии да најдат менаџери за рецепција, чистачи, спасители, носачи, келнери и готвачи, а од големите острови како Крит и Родос, има сè повеќе вести за работодавци кои ги „крадат“ вработените од конкурентите и им ветуваат подобри плати и услови.

„Туризмот дефинитивно е во пораст, но денес Грците претпочитаат да работат канцелариски работи од девет до пет, кои не бараат работа ноќе или викенди“, вели сопственикот на ресторанот Димитрис Статокостопулос, пишува Гардијан.

Според официјалните податоци, туризмот сочинува 25 проценти од бруто-домашниот производ на Грција и е двигател на локалната економија.

Претседателот на Панхеленската федерација на угостителски и туристички работници (ПОЕЕТ), Јоргос Хоџоглу, алармира за „невиден недостиг на квалификувани и искусни работници, особено во хотелската и прехранбената индустрија“.

И градежништвото и земјоделството беа погодени.

Туризмот не е единствениот сектор во Грција погоден од недостиг на работна сила, објавува „Гардијан“.

Градежништвото и земјоделството се исто така погодени од недостиг на работници во земја која не само што се соочува со драматичен демографски пад, туку сè уште се опоравува од егзодусот на повеќе од 500.000 претежно висококвалификувани студенти и работници на врвот на својата речиси децениска економска криза.

Во обид да го реши проблемот, грчката влада се обиде да го легализира статусот на околу 30.000 нерегистрирани мигранти.

Исто така, потпишани се голем број билатерални договори „за мобилност на работната сила“ со трети земји, вклучувајќи ги Египет, Виетнам, Бангладеш, Грузија, Индија и Молдавија, за ублажување на кризата на пазарот на трудот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран