ПРВ.мк

Ни помалку, ни повеќе – 5.000 турски државјани бараат македонски пасош

Ни помалку, ни повеќе – 5.000 турски државјани бараат македонски пасош
Jumbo Banner

Во 2021 година Владата на Македонија донесе закон што предизвика голема радост кај нас, со кој на иселените лица и нивните први роднини им се овозможува право да поднесат барање за двојно државјанство. Искрено им благодариме на Владата и на сите институции и претставници кои придонесоа за овој важен и значаен чекор. Но, иако поминаа речиси четири години, сѐ уште немаме конкретен одговор, иако сè уште со надеж чекаме, се вели во јавното обраќање на група на апликанти од Турција за македонско државјанство.

„Овој закон, кој ги обединува нашите срца со татковината, отвори врата за десетици илјади луѓе да се вратат, барем формално, на земјата на нивните предци. Ние, исто така, со голема верба ги поднесовме нашите апликации за државјанство. Во нашата група на социјалните мрежи има околу 5.000 луѓе кои со нетрпение го очекуваат денот кога ќе ја добијат веста дека конечно стануваат државјани на Македонија – вест која ќе го официјализира нашето културно, историско и емоционално поврзување со татковината.

Од надлежните институции и претставници на Северна Македонија бараме: постапките за обработка на апликациите да се забрзаат, да се донесат позитивни решенија за оние кои ги исполнуваат условите и да се заврши овој историски процес со радост и достоинство. Ова не е само административна процедура – тоа е симбол на нашата културна припадност, почит кон предците и верба во иднината“, се вели во писменото обраќање на група државјани на Турција по потекло од Македонија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран