ПРВ.мк
Балкан

МЕКСИКАНЕЦ ИСЧЕЗНА ВО БУДВА: Пријателите молат за помош, последен пат е виден пред два дена на ова место!

МЕКСИКАНЕЦ ИСЧЕЗНА ВО БУДВА: Пријателите молат за помош, последен пат е виден пред два дена на ова место!

Дваесет и едногодишниот турист од Мексико, Диего Алонсо Флорес, исчезна на 13 јули во близина на плажата Плоче, на Кримовица кај Будва.

Неговите пријатели, кои се обратиле до редакцијата на црногорскиот медиум „Вијести“, изјавиле дека последен пат бил виден меѓу 19 и 20 часот тој ден, по што тргнал на прошетка по плажата. Оттогаш му се губи секаков траг и не се вратил во своето сместување.

Од полицијата за „Вијести“ е потврдено дека исчезнувањето е пријавено и дека за случајот е известено обвинителството.

Флорес има виткана темнокафена коса, носел очила за сонце и темносини шорцеви за капење.

Доколку имате какви било информации за неговото исчезнување, ве молиме известете ја полицијата.

Најнови вести