ПРВ.мк
Балкан

Мајка чиј син почина под настрешница во Србија започна штрајк со глад и ги постави условите на Вучиќ

Мајка чиј син почина под настрешница во Србија започна штрајк со глад и ги постави условите на Вучиќ
Kristal

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој пред една година загина при уривање на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад, вчера започна штрајк со глад. Таа најави дека ќе истрае сè додека владата не ги исполни трите клучни услови што ги постави.

Првото барање е да се испитаат сите осомничени за уривањето на настрешницата и да започнат судења, вклучувајќи ги и оние кои досега не се опфатени. Второто е да се ослободат сите, како студенти, кои се незаконски притворени. Третото барање е претседателот да распише избори.

Во разговорот со медиумите, Хрка истакна дека можеби ќе му постави и непријатно прашање на претседателот Вучиќ, прашувајќи го колку луѓе загинале под настрешницата и да размисли пред да одговори.

„Подготвена сум на сè. Мислам дека ова сега е неопходно. Сè што сакам е да знам дека направив сè што можев и дека одам до крај“, изјави таа. Дијана додаде дека се соочува со притисок од властите и закани од БИА, но дека штрајкот се одвива на јавен простор, и дека секој има право да го користи.

Целта на нејзината акција е вистината за трагедијата да се чуе во светот, а не само приказната што ја пласираат официјалните власти. Дијана Хрка го најави штрајкот на комеморативен собир во Нови Сад, по повод првата годишнина од трагедијата во која загинаа 16 лица, и им се заблагодари на студентите што ја поддржаа во овој тежок период.

Escape