ПРВ.мк

Лоши вести за сите кои планираат летување во Грција: Овие работи ќе ги плаќате поскапо

Лоши вести за сите кои планираат летување во Грција: Овие работи ќе ги плаќате поскапо

Од 1 јануари 2025 година, Грција воведе нова “Климатска такса” која ги заменува претходните такси за сместување. Висината на таксата зависи од сезоната и категоријата на сместувањето. Во високата сезона (април-октомври) таксата е повисока, додека во ниската сезона (ноември-февруари) е пониска.

На пример, за хотели со пет ѕвезди, таксата може да достигне до 10 евра по ноќевање во високата сезона. Туристите кои пристигнуваат со крузери на популарни дестинации како Санторини и Миконос ќе плаќаат такса од 20 евра по лице, а на други дестинации 5 евра.

Висока сезона (април – октомври):

Хотели со 1-2 ѕвезди: 2 евра по ноќевање

Vero

Хотели со 3 ѕвезди: 5 евра по ноќевање

Хотели со 4 ѕвезди: 10 евра по ноќевање

Хотели со 5 ѕвезди: 15 евра по ноќевање

Опремени соби/апартмани: 2 евра по ноќевање

Краткорочни изнајмувања (Airbnb): 8 евра по ноќевање

Одделни куќи (над 80 м²): 15 евра по ноќевање

Опремени туристички вили и резиденции: 15 евра по ноќевање (за објекти над 80 м²)

Ниска сезона (ноември – март):

Хотели со 1-2 ѕвезди: 0,5 евра по ноќевање

Хотели со 3 ѕвезди: 1,5 евра по ноќевање

Хотели со 4 ѕвезди: 3 евра по ноќевање

Хотели со 5 ѕвезди: 4 евра по ноќевање

Опремени соби/апартмани: 0,5 евра по ноќевање

Краткорочни изнајмувања: 2 евра по ноќевање

Одделни куќи (над 80 м²): 4 евра по ноќевање

Опремени туристички вили и резиденции: 4 евра по ноќевање (за објекти над 80 м²)

Таксата се наплаќа директно при пријавување или одјавување и ќе се користи за финансирање на проекти за превенција од катастрофи, адаптација на климатските промени и подобрување на туристичката инфраструктура. Дополнително, таксата за крузери во Санторини и Миконос има за цел да го ублажи прекумерниот туризам.

Оваа мера е дел од напорите на Грција да се справи со економските последици од климатските промени и да ја подобри одржливоста на туристичкиот сектор.

Agria