ПРВ.мк
Балкан

Крвава пресметка на автобуска станица: Малолетничка наводно прободела девојка во стомак

Крвава пресметка на автобуска станица: Малолетничка наводно прободела девојка во стомак

Ужасен напад се случил синоќа во Борча, Србија, каде 24-годишна девојка била прободена со нож во пределот на стомакот. Како осомничена за нападот се посочува 15-годишна малолетничка.

Инцидентот се случил околу 19 часот на автобуска станица. Според информациите, 24-годишната девојка се враќала дома со пријателка кога, откако се симнале од автобус, наишле на малолетничката.

Меѓу нив набрзо започнала вербална расправија, која потоа прераснала во физичка пресметка.

Според тврдењето на повредената девојка, 15-годишната најпрво ја фатила и ја влечела за коса, а потоа извадила нож и ја прободела во стомакот.

По нападот, осомничената малолетничка побегнала од местото.

Повредената 24-годишна девојка била пренесена во Клиничко-болничкиот центар „Земун“, каде поради сериозноста на повредата била итно оперирана.