ПРВ.мк

Крајнодесничарот Симион, победник во првиот круг на претседателските во Романија

Крајнодесничарот Симион, победник во првиот круг на претседателските во Романија
Jumbo Banner

Првичните излезни анкети објавени по завршувањето на првиот круг од повторените претседателски избори во Романија, кандидатот на Алијанса за обединување на Романците (АУР), Џорџе Симион, води со 40 проценти од освоените гласови по пребројани 85,02 отсто од гласовите.

На второто место е поранешниот национал-либерален политичар Крин Антонеску за кого, според пребројаните гласови, гласале 20,9 отсто од гласачите. Трет е градоначалникот на Букурешт, Никусор Дан, за кого гласале околу 19,9 проценти од Романците.

Според објавата на „Јуроп елект“, врз основа на податоци собрани до 22:15 часот, поранешниот премиер Виктор Понта освоил 14,1 проценти од гласовите, а претседателката на Синдикатот „Спаси ја Романија“ (УСР) Елена Ласчони има 2,6 проценти.

Двајцата водечки кандидати од денешните избори ќе се сретнат во вториот круг на 18 мај.

Победата на Симион, како што пишува Ројтерс повикувајќи се на политичките набљудувачи, би можела да ја изолира земјата, да ги еродира приватните инвестиции и да го дестабилизира источниот дел на НАТО, каде што Украина се бори против тригодишната руска инвазија.

„Ова не е само изборна победа, туку победа на романското достоинство. Тоа е победа на оние кои не ја изгубиле надежта, на оние кои сè уште веруваат во Романија, слободна, почитувана, суверена земја“, рече Симион..

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран