ПРВ.мк

Горивата поевтинуваат: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Горивата поевтинуваат: Ова се новите цени на горивата во Македонија
Jumbo Banner

Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цените на горивата поефтинуваат.

Од полноќ, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде поевтин за 1 денар, додека цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намали за 0,50 денари по литар. Исто така, цената на мазутот М-1 НС се редуцира за 1,113 денари за килограм и ќе изнесува 36,042 денари за килограм.

Новите цени на бензините ќе бидат следни: малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 73 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе се реализираат за 65 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 36,042 денари за килограм.

Од РКЕ истакнуваат дека “референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,986 отсто, кај дизелот за 2,832 отсто, кај екстра лесното масло за 2,299 отсто и кај мазутот намалувањето е за 4,935 отсто.”

Дополнително, од комисијата информираат дека “курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4464 отсто.”

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран