Во селото Пеќењевци кај Лесковац е откриен стравотен злостор – телото на жена било пронајдено сокриено во замрзнувач, а нејзиниот невенчан сопруг Далибор Демировиќ е во бегство.
Полицијата со над 20 возила интензивно го пребарува целото подрачје во потрага по осомничениот. Според српските медиуми, телото на жената првично го пронашле децата на Демировиќ од неговиот прв брак, кои потоа го пријавиле случајот.
Жената, како што се дознава, живеела во вонбрачна заедница со осомничениот, а мотивите за убиството сè уште се непознати.
Вишото јавно обвинителство во Лесковац нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Целото село е во шок, а полицијата апелира сите кои имаат информации за осомничениот веднаш да се јават.
















