ПРВ.мк
Балкан

ХОРОР НА ПРУГАТА: Товарен воз удри во патнички - ова е бројот на повредени!

ХОРОР НА ПРУГАТА: Товарен воз удри во патнички - ова е бројот на повредени!

Тешка железничка несреќа се случи утринава во Хрватска, откако околу 10:05 часот дојде до судир меѓу товарен и патнички воз на релацијата меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец, во близина на Бјеловар.

Во патничкиот воз во моментот на несреќата се наоѓале околу 20 патници. Според првичните податоци, за среќа нема загинати, но има повредени лица, при што со потешки повреди е стекнат машиновозачот.

На терен веднаш излегоа екипи на полицијата, Итната медицинска помош и други надлежни служби за да им помогнат на повредените. Железничкиот сообраќај на овој дел од пругата е целосно во прекин.

Од Хрватските железници (ХЖ) потврдија дека инцидентот се случил меѓу нивни товарен воз („Карго“) и патнички воз, но истакнуваат дека сè уште е рано да се зборува за причините. Иако неофицијалните информации од теренот сугерираат дека товарниот воз можно е да поминал на црвено светло, надлежните најавија дека по завршувањето на увидните активности јавноста ќе биде целосно информирана за сите детали и околности.