ПРВ.мк
Балкан

КАКО СТУДЕНТИТЕ ГО ПОБЕДИЈА ВУЧИЌ? Хрватски европратеник ја откри ТАКТИКАТА што донесе историски пресврт!

КАКО СТУДЕНТИТЕ ГО ПОБЕДИЈА ВУЧИЌ? Хрватски европратеник ја откри ТАКТИКАТА што донесе историски пресврт!

Хрватскиот европратеник Гордан Босанац смета дека клучот за изборниот успех на Студентската листа во Србија лежи во внимателно избраната политичка стратегија, со која студентите избегнале да влезат во дебати што би му оделе во прилог на Александар Вучиќ.

Во интервју за „Вечерњи лист“, Босанац, кој учествувал во набљудувачката мисија на Европскиот парламент, објаснил дека студентите не дозволиле изборната кампања да се претвори во расправа за Косово, Русија и Европската Унија.

Наместо тоа, тие ги поставиле демократизацијата на Србија, владеењето на правото и борбата за функционални институции како главни приоритети.

„Не дозволија да играат на негов терен“

„Тие тактички го победија Вучиќ затоа што не дозволија да бидат вовлечени во игра на негов терен, каде што тој би ги притискал со своите политики кон Косово, Русија и Европската Унија“, објаснил Босанац.

Според него, ваквиот пристап им овозможил на студентите да го задржат вниманието на јавноста врз проблемите што директно ги засегаат граѓаните.

Два големи предизвици по изборната победа

Босанац предупредува дека вистинската работа за студентското движење допрва започнува.

Првиот предизвик е движењето да прерасне во стабилна политичка организација со јасна програма и раководство.

Вториот, уште посложен предизвик, е трансформацијата на Србија во демократско општество, преку реформи во правосудството и зајакнување на основните права.

Европратеникот посочил дека во разговорите со студентите добил уверувања дека тие сакаат Србија да го продолжи европскиот пат.

Сепак, нагласил дека нивната вистинска политичка ориентација ќе се покаже преку конкретните реформи, особено во областа на правосудството.

„Прво да им дадеме малку време да ги средат работите во оваа земја, која навистина се распаѓа по шевовите“, заклучил Босанац.

Според неговата оценка, изборната победа отвора можност за ново поглавје во Србија, но успехот на студентското движење ќе се мери според промените што ќе успее да ги спроведе.

Најнови вести