ПРВ.мк
Балкан

ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА СЕ ПОВТОРУВААТ НА 53 МЕСТА: Познат е датумот, еве каде повторно ќе се гласа!

ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА СЕ ПОВТОРУВААТ НА 53 МЕСТА: Познат е датумот, еве каде повторно ќе се гласа!

Републичката изборна комисија (РИК) на Србија вчера вечер донесе одлука за повторување на вонредните парламентарни избори на 53 избирачки места. Повторното гласање е закажано за недела, 1 ноември, а избирачките места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот.

Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, објасни дека одлуката се однесува на две категории избирачки места. На 31 место не било можно да се утврдат резултатите од гласањето, додека на други 22 места гласањето било поништено.

На истата седница, членовите на комисијата едногласно одлучиле да се испечатат вкупно 24.438 гласачки ливчиња, пренесува Nova.rs.

Каде ќе се повторува гласањето?

Избирачките места на кои не било можно да се утврдат изборните резултати се наоѓаат во следните општини и градови: Алексинац, Бачка Топола, Бојник, Владичин Хан, Инѓија, Коцељева, Кула, Куршумлија, Мајданпек, Ќуприја, Суботица и Шид.

Од друга страна, гласањето е поништено на избирачки места во Алексинац, Бабушница, Бачка Топола, Земун, Крушевац, Куршумлија, Лозница, Љиг, Нови Пазар, Петровац на Млава, Пирот, Пожаревац, Прокупље, Трстеник и Ќуприја.

Повторното гласање ќе се одржи на 1 ноември, во периодот од 07:00 до 20:00 часот, согласно одлуката на Републичката изборна комисија.