Петгодишното девојче Натали денеска исчезнало во Нови Сад, потврдено е за српските медиуми.
Според неофицијални информации, девојчето последен пат било видено на Булеварот Ослободување во Нови Сад.
Во моментот на исчезнувањето Натали била со својата мајка, а родителите веднаш го пријавиле случајот во полиција откако сфатиле дека ја нема.
Полицијата апелира до сите граѓани, доколку имаат какви било информации за исчезнатото девојче или ја забележат, веднаш да се јават на бројот 192.









