ПРВ.мк
Балкан

И ПОНАТАМУ НЕМА ТРАГА ОД 8-ГОДИШНОТО МОМЧЕ: Шетало со братот и кучето и исчезнало!

И ПОНАТАМУ НЕМА ТРАГА ОД 8-ГОДИШНОТО МОМЧЕ: Шетало со братот и кучето и исчезнало!

Интензивната потрага по 8-годишното момче кое синоќа исчезна во реката Драва кај Леград во Хрватска, продолжи и денеска.

– Исчезнато е дете, родено 2018 година, во подрачјето на Драва, каде што има илегално капалиште. А реката деновиве е надојдена – изјави градоначалникот на Леград, Иван Саболиќ.

Иако тој тврди дека станува збор за диво капалиште, повеќето од мештаните таму се капеле со години.

Порталот „Еподравина“ (Epodravina) јавува дека спасувачките служби ја започнале потрагата во близина на мостот Дубрава. На терен се припадници на полицијата, ХГСС (Хрватската горска служба за спасување) и нуркачи. Во потрагата се вклучија и пожарникарите, но и голем број мештани. На помош пристигнаа и служби од Вараждинската и Меѓимурската жупанија, јавува „Индекс“ (Index).

Отишол на прошетка со братот и кучето

„Подравски лист“ неформално дознава дека исчезнатото дете било на прошетка со братот и со кучето и во еден момент влегло во реката. Братот, кој е непливач, веднаш побрзал кај родителите да побара помош.

Семејството на исчезнатото дете живее во близина на местото на несреќата.

Полицијата синоќа околу 20:39 часот примила пријава за исчезнување на дете во реката Драва, во подрачјето на Селница Подравска. Потрагата траела од синоќа, но поради непристапниот терен, порастот на нивото на водата и темнината, првичните обиди биле безуспешни.

Најнови вести