ПРВ.мк
Балкан

Голема огнена стихија го зафати популарниот грчки остров – туристите добија порака што не смее да се игнорира!

Голема огнена стихија го зафати популарниот грчки остров – туристите добија порака што не смее да се игнорира!

Голем шумски пожар избувна денеска во областа Милаки на грчкиот остров Евија, поради што властите испратија итно предупредување до жителите преку системот 112.

Пожарот избувнал нешто по 13 часот по локално време во шумска област кај Милаки, каде што во непосредна близина се наоѓаат и повеќе расфрлани куќи.

Во гаснењето на огнената стихија се ангажирани 28 пожарникари со девет противпожарни возила, а од воздух интервенираат седум противпожарни авиони и еден хеликоптер.

Во акцијата се вклучени и цистерни со вода од општината Аливери-Кими, кои им помагаат на екипите во обидите пожарот да биде ставен под контрола.

Грчката противпожарна служба соопшти дека на терен е испратен и специјален тим од Пиреја за истрага на можни подметнати пожари, кој ќе ги утврдува причините за избувнувањето на огнот.

Засега нема информации за повредени лица или зафатени станбени објекти, а надлежните служби продолжуваат со интензивните активности за локализирање на пожарот.

Најнови вести