По завршувањето на протестот на Славија во Белград, дел од учесниците се упатиле кон зградата на Претседателството, каде што дошло до сериозни инциденти со полицијата.
Според медиумски извештаи, група лица нападнала полициски службеници со пиротехнички средства, метални шипки, бакли и таканаречени „топовски удари“. На снимки што кружат на социјалните мрежи се гледа како дел од маскираните учесници се обидуваат да насочат запалени факели директно кон полицајците.

Инцидентите се случиле во центарот на градот, а од местото биле слушани повеќе силни детонации. Надлежното Више јавно обвинителство најавило дека сите инволвирани лица ќе бидат идентификувани и процесуирани.









