ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) ИСЧЕЗНА 21-ГОДИШНО МОМЧЕ: Му се губи секаква трага пред четири дена, граѓаните се организираат за заедничка потрага!

(ФОТО) ИСЧЕЗНА 21-ГОДИШНО МОМЧЕ: Му се губи секаква трага пред четири дена, граѓаните се организираат за заедничка потрага!

Во Крагуевац е пријавено исчезнувањето на 21-годишниот младич Антоније Јевтиќ, кој последен пат бил виден во ноќта меѓу 29 и 30 јуни. Неговото исчезнување во полиција е пријавено на 2 јули во Крагуевац.

Според наводите на семејството, Антоније таа ноќ бил во контакт со девојката и со колега кои му го честитале роденденот. Потоа, неговиот мобилен телефон повеќе не е достапен и од тогаш му се губи секаква трага.

Исчезнатиот младич Антоније има 21 година, живее и работи во Крагуевац. Висок е околу 175 см, има кафена коса и кафени очи. Во моментот на исчезнувањето не е познато што носел на себе.

Исчезнувањето е пријавено во Полициската управа во Крагуевац, а семејството апелира до граѓаните, доколку имаат каква било информација, веднаш да контактираат со полицијата или со семејството на следните броеви:

  • Филип (брат): 069 789 204
  • Катарина (мајка): 063 134 816

Личен опис на младичот:

  • Висина: 175 см
  • Тежина: околу 70 кг
  • Боја на коса: кафена
  • Боја на очи: кафена

На социјалните мрежи, набрзо по објавата дека се трага по него, се појави и повик за акција за пронаоѓање на исчезнатиот младич.

Како што се наведува, местото на собирот ќе биде кај музејот, денеска околу 16 часот. Во план е пребарување на Шумарице и околните места.

Најнови вести