Во Црна Гора денеска се спроведува голема полициска акција против лица осомничени за создавање криминална организација и криумчарење, соопшти Специјалното државно обвинителство (СДТ).
Акцијата се реализира по налог на СДТ, а меѓу осомничените се наоѓа и припадник на Управата на полицијата.
Специјалното полициско одделение во моментов спроведува апсења и други итни истражни дејствија на повеќе локации во Подгорица, Тиват и Цетиње.
Од Специјалното државно обвинителство соопштија дека по завршувањето на доказните постапки и сослушувањето на приведените лица ќе ја информираат јавноста за резултатите од акцијата и за понатамошниот тек на постапката.
Надлежните засега не откриваат повеќе детали за бројот на уапсените или за улогата на осомничените во криминалната група.









