Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди јужниот дел на Егејското Море
Утрово, земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Егејското Море, информира Американскиот геолошки завод (USGS). Епицентарот бил лоциран во морето, на околу 15 километри од грчкиот остров Касос.
Според првичните информации, нема пријавени жртви или материјална штета.
Земјотресот бил почувствуван на неколку блиски острови, меѓу кои Кос, Родос и Крит. Грчките медиуми пренесуваат дека потресот се почувствувал и во некои делови од Египет.
Властите издале предупредувања за можен цунами за жителите на островите Родос и Касос.
Грција често се соочува со земјотреси бидејќи се наоѓа на неколку активни тектонски раседи во југоисточниот дел на Медитеранот.