ПРВ.мк

Илиевски со тимот на терен: Гургурница прва мета на „Генералка Викенд 2025“!

Илиевски со тимот на терен: Гургурница прва мета на „Генералка Викенд 2025“!
Jumbo Banner

Денес, градоначалникот г. Јовица Илиевски заедно со вработените од општинската администрација и вработените во ОЈП Вардар учествуваа во акцијата за чистење во рамките на иницијативата „Генералка Викенд“, која се одржа на една од најубавите природни локации во нашата општина – с.Гургурница.

Во рамките на акцијата, денес за првпат и официално општината започна со организирано собирање на комунален отпад од домќинствата и деловните субјеки во Гургурница.

Денешната акција ја потврди посветеноста на општина Брвеница кон спроведување на реформите во областа на управувањето со отпад и испорака на современи и одржливи комунални услуги кон граѓани.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран