Рано утрово во Мостар, БиХ, беше успешно отстранета воздушна бомба од Втората светска војна со тежина од околу 227 килограми, откако беше откриена вчера за време на градежни работи на нов станбен комплекс.
Бомбата AN-M64, произведена во Америка, ја отстрани тим за деминирање на Федералната администрација за цивилна заштита, со поддршка на полицијата на Херцегованско-неретванскиот округ и противпожарната служба на градот. Постапката се извршила под строги безбедносни мерки – целата населба беше евакуирана, а пристапот до областа забранет во радиус од 300 метри.
Оваа бомба е откриена во поранешен рударски комплекс и е еден од најчестите типови американски бомби користени од сојузничките авиони за време на Втората светска војна за напади на инфраструктура, индустрија и воени цели. Мостар често бил цел на сојузнички напади, особено поради рударско-индустрискиот комплекс и аеродромот.
Во последната деценија, во различни делови на Мостар се пронајдени повеќе од 20 бомби, вклучувајќи ја и бомбата тешка 230 килограми во населбата Родоч во 2021 година.
















